Три фирми за откуп на тутун во земјава почнаа со откуп на годинашната реколта. Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство веќе ги презеде сите мерки кои се потребни за да се реализира оваа сезона на откуп на тутунот, изјави денеска во Штип ресорниот министер Михаил Цветков.
– Цените ќе ги покаже пазарот, бидејќи зависат од квалитетот на тутунот. Оваа година заради врнежите квалитетот на тутунот не е на некое завидно ниво, но имаме малку повеќе количини. Почеток е на откупната сезона, ќе ја следиме и се надевам дека ќе помине добро, вели Цветков.
Тој додава дека тутунопроизводителите во земјава имаат склучено договори за откуп со девет фирми, а треба да се откупи 25 милиони килограми тутун.
– Во разговор со сопствениците на овие фирми ме уверија дека целокупното производство тутун кое што е договорено, тие ќе го откупат. Значи имаат обезбедено средства и пазари. Сега се јавува за оваа година од 3 до 5 милиони килограми тутун повеќе за овие земјоделци, кои имаат потпишано договори и откупните фирми ни ветија дека ќе ги направат сите напори и овој тутун да го откупат, истакна Цветков.
Министеропт апелира до тутнопроизводителите за наредната година да не произведуваат тутун без да склучат договори, бидејќи фирмите немаат обврска да го откупат. Тој додава дека има Закон за тутун, а веќе Министерството почнува да воведува и електронско следење на количините тутун кои ќе се заседат на нивите во земјава.