Цуклев: СДСМ го продолжи планот на задолжување од претходната Влада

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДСМ дека го продолжила планот за задолжување на државата од претходната Влада иако пред изборите ветувала дека кога ќе дојде на власт ќе го запре.

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција праша зошто пред изборите сегашниот министер за финансии Драган Тевдовски и СДСМ не им соопштиле на граѓаните, како што рече, дека планираат да го продолжат планот на задолжување на претходната власт? – Дали тоа уште еднаш потврдува дека монетарната и економската политика на ВМРО-ДПМНЕ била цврста и стабилна, а СДС со своите изјави ги манипулираше граѓаните?, праша Цуклев.

СДС, посочи, изминатите години им се закануваше на банките дека нема да им бидат признаени државните хартии од вредност што ги купуваат од Министерството за финансии, денеска Тевдовски и СДС на истите тие банки им ги нудат државните хартии од вредност.

Цуклев изјави и дека според пресметките што ги користеле СДСМ во нивните изјави од пред изборите, новата Влада ги задолжила граѓаните на Македонија за 33.252.000 евра, а ако продолжела така секој месец за една година задолжувањето би било 400 милиони евра, а за четири години 1,6 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ