Ципрас: Грција е пред постигнување договор со кредиторите

Од:

Грција е пред постигнување договор со меѓународните кредитори за нов пакет помош во вредност од 86 милијарди евра, со што ќе се стави крај на сомнежите околу перспективите на земјата во евроозната, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Сега сме во финална фаза. И покрај потешкотиите со кои се соочуваме, се надеваме дека овој договор ќе стави крај околу неизвесната иднина на Грција, додаде Ципрас.

Ваквата изјава на Ципрас се надоврза на серијата невообичаено оптимистички најави на претставници на Атина и на европските кредитори за напредок во преговорите за новиот пакет помош за Грција.

Според најавите од преговарачките тимови, договорот би требало да биде постигнат најдоцна до 20 август, кога доспева последната рата од грчкиот долг кон Европската централна банка (ЕЦБ) во висина ид 3,5 милијарди евра.

И покрај најавите на Грција и ЕЦБ дека е можен договор до овој рок, Европската комисија сепак оцени дека ваквата цел е преамбициозна, имајќи предвид дека останува „уште многу да се сработи“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски