Членките на ЕУ да ја реформираат економијата

Од:

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека ЕЦБ направи се што беше во нејзина моќ, за да ја стабилизира економијата во Европа.

Според неговите зборови, сега националните влади треба да ги реформираат своите економии.

Драги ги повика политичари да ги доведат во ред прекумерните прописи на пазарот на труд, кои предизвикаа високо ниво на невработеност помеѓу младите.

Во своето обраќање пред пратениците во францускиот парламент, Драги истакна дека владите на европските држави мора да ги ангажираат сите расположливи средства, за да го зголемат растот и да ги направат своите економии конкурентски.

ЕЦБ до сега ја намали референтната каматна стапка на рекорден минимум од 0,50 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот