„Чироки“ го претставува својот досега најопасен модел

Од:

 „Jeep Grand Cherokee“, едeн e од зачетниците на класата возила за лошите момци, посебно беше посакуван во овие краишта кон крајот на деведесетите години на дваесетиот век. Со појавата на „Audi Q7“, „BW Touareg“, „BMW X6“, „Porsche Cajanne“ и осебено на „Мерцедес МЛ“, „Чироки“ веќе не беше толку опасен.

Сепак, во компанијата сакаат стандардниот „Чироки Либертѕ“, во 2014 година во САД  повторно да добие „погруба фаца“.

Официјалните фотографии од новиот модел штотуку се претставени и мораме да признаеме дека оставаат без текст.

Чифт фарови и голем отвор за воздух, нагласен со рамка со боја на хром ќе направат  новиот „Чироки“ или да ви се допадне или да ви стане одвратен.

Американските медиуми веќе пренесоа дека новиот „Чироки“ е кандидат за наследник на „Понтијак Ацтек“, еден од најгрдите автомобили на модерното време.

На некои новинари им наликува на „сом кој се мачи со киселина“. Во секој случај, новиот „Cherokee“ ќе биде претставен кон крајот на март на Саемот на автомобили во Њујорк.

Според производителот, „Cherokee“ ќе ги поставити новите стандарди во класата во однос на способностите надвор од асфалтот. Се нагласува дека возната динамика на асфалтните патишта, исто така, ќе биде водечка во класата, додека потрошувачката на гориво ќе биде 45 отсто пониска во однос на моделот на заминување.

Новиот модел ќе биде поставен на CUSW платформа, што ја дели со моделот „Dodge Dart“, која своите корени ги влече од „Alfa Giulietta“.

Под хаубата најверојатно ќе се најде 3,2 V6 бензински мотор,  а во понудата треба да се најдат и неколку „четирицилиндраши“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска