ЧЕЗ најавува вложување во германски електроцентрали и рудници

Од:

Чешката енергетска компанија ,,ЧЕЗ” ја разгледува можноста за вложување во германските термоелектрани и рудници, кои на продажба ги нуди шведската енергетска групација „Ватенфал“.

Според директорот на чешката фирма Даниел Бенеш, целта е да се задржи нејзината големина, со оглед на тоа што при падот на цените на електричната енергија, се намалуваат приходите, јави дописникот на МИА од Прага.

„Ватенфал“, која е во државна сопственост, лани објави дека сака да го продаде својот уделот во термоелектраните и електроцентралите во Германија.

„ЧЕЗ“ која веќе е на пазарот во Романија, Бугарија и Полска најави купување на дветретински удел и во Словачките електрани, кој го продава италијанската компанија „Енел“.

Нето профитот на „ЧЕЗ“, која е најголема чешка енергетска групација, според последните податоци, за првите три квартали од минатата година, бележи пад за 38 проценти на 783 милиони евра.

Приходот, на годишно ниво е намален за девет проценти на 5,8 милијарди евра и според експертите се очекуваат слични податоци и оваа година.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД