Четврти ден по ред се одлага расправата за буџетот

Од:

Четврти ден по ред се одлага комисиската расправа за буџетот.

Иако беше најавено дека денеска ќе продолжи и ќе се одржи седница, собраниските служби информираа дека таа нема да се работи ниту денеска.

Причината е поради отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои и официјално од денеска најавија дека нема да учестуваат на седниците и ќе ги користат деловничките средства кои им стојат на располагање за бојкот.

Инаку, досега се одржа само една расправа во понеделникот, кога официјално почна општиот претрес по предлог-буџетот за 2018 година. Согласно со Деловникот, комисиската расправа треба да трае 10 работни дена.

Би можело да ве интересира

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа во прво читање поминаа на пленарна седница

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите