Четврти ден блокиран сообраќајот на Блаце и Јажинце

Од:

Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правцa. Превозниците од „Макамтранс“  го блокираа сообраќајот во понеделник навечер  во знак на протест за косовската трговска блокада.

Автомото-сојузот на Македонија информира дека на останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Поради градежни работи кај планинскиот превој Плетвар на патниот правец Градско-Прилеп, што почна од завчера,  сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 7 до 17 часот, а се очекува да завршат до средина на следната недела.

На патниот правец А2 Гостивар-Кичево, во должина од 1 до 1,5 км во правец од планинскиот превој Стража кон Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да влијание при движењето на возилата, а ќе се изведуваат во работни денови најчесто од 8 до 15 или 16 часот.

Режимите за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта во РМ се завршени. На патниот правец Маврово – Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Се зголеми кинескиот извоз

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува