На 13ти февруари, во Јавна соба – Скопје се одржа настанот „Вештини за млади“ организиран од Младински образовен форум а посветен на граѓанската ангажираност и претприемништвото. Претрпиемачи, бизнис експерти, активисти, креатори на стартапи и претставници од јавни институции и здруженија на граѓани, споделија знаења и искуства на теми поврзани со граѓанско учество, образование и можностите за млади претприемачи. Преку овој настан МОФ се стреми да инспирира и информира за можностите за вклучување во претрпемнички активности и активно делување.
Вчерашниот настан беше завршна активост на два циклуси обуки за Граѓанска ангажираност и Претприемништво, на кој на 40 учесници им беа доделени сертификати за успешно завршен циклус од 6 обуки во една од двете понудени програми. По завршување на обуките учесниците имаа можност да аплицираат со предлог концепти за креирање иницијативи и стартапи, а после настанот со повеќе знаење и искуство ќе продолжат да работат на нив и ќе ги реализираат во 2017 година. Со овие бесплатни обуки за невработени млади, водени од ескперти во областите кои нудат нови знаења и практични вештини, МОФ се обидува на младите да им помогне да бидат поконкуретни на пазарот на трудот и последно да го најдат или создадат своето вработување. Покрај обуките се креираат и едукативни подкасти за млади „Skills that pay the bills“ достапни на Радио МОФ за сите млади кои сакаат да ги слушнат и да се едуцираат.
Говорниците кои ги инспираа младите на „Вештини за млади“ беа: Виолета Качакова од Кино Култура, Марија Матовска, координаторка на Наградата за социјално претприемништво, Јован Маџовски од CEED Hub Skopje, Катерина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој, Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија и Нино Карас ко-сопственик и креатор на платформата Letz.
Настанот беше организиран во склоп на проектот Градење на следната генерација на млади лидери во партнерство со Институт за европска политика, а е поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE). Со 6 говорници и 70 гости во публика, настанот обезбеди едукација, интеракција и инспирација за учесниците на Обуките за вештини за млади како и други индивидуи чија цел е да го подобруваат општетството во кое живееме.