Четири винарски визби избришани од регистарот на откупувачи

Од:

Четири винарски визби се избришани од регистарот на откупувачи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради неплатено грозје во законски предвидениот рок.

Како што соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, против одговорното лице во една винарија е покрената и кривична пријава за давање лажни изјава или нотарски акт дека е платено грозјето во целост.

Коњановски потенцира дека нема да биде поштеден ниту еден субјект доколку не ги испочитува законските обврски.

– Во интерес на заштита на правата на лозарите го донесовме Законот за лозарство и винарство каде точно се определени казните за оние кои нема докрај да ги испочитуваат договорите. Нема да се толерира никој, тоа најодговорно го тврдам. Секој што нема да го подмири долгот кон лозарите во определениот временски период, ќе се соочи со санкции, подвлече Коњановски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на Неготино.

Министерството, додаде, до крај ќе ги заштити правата на лозарите. Воедно сака да постави и правилна и правична форма на заедничка игра и интерес меѓу лозарите и винарите.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино