Четири рудници за бакар и злато ќе се отворат во источна и југоисточна Македонија

Од:

Во источна и југоисточна Македонија на повидок е отварање четири рудници за бакар и злато. Деканот на Природно-техничкиот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“- Штип Зоран Панов вели дека според неговите проценки, најпрво може да се отвори „Казан дол“ во валандовскиот регион.

– Учествувам во изработка на студијата и на главниот проект и сметам дека најбрзо рудникот може да се отвори идната пролет. Експлоатацијата сигурно ќе задоцни една година, но подготвителните работи, како што се изградба на пристапни патишта и објекти ќе почнат следната година. Тоа е оптимистичката варијанта која мислам дека ќе се случи, изјави Панов.

Инвеститорите, додаде, сериозно работат и на отварање на рудниците Кадиица во Пехчево, Иловица во Василево и Златица – Плавица на територија на Пробиштип и Кратово. Поради нивната сериозност и подршката на Владата, се зголемува и бројот на студенти на природно-техничките факултети.

– Источна и југоистона Македонија ги очекува големи проекти.  Како декан на Факултетот за природно-технички науки се плашам дека не можеме да одговориме на барањата за вработување нови инженери. Рудникот Иловица можеби ќе има потреба од 50 инженери или 100-тина, имајќи предвид дека ќе биде најголемиот рудник на Балканот, нагласи Панов.

Според него, рударството и геологијата нудат перспектива за студентите, но и за оние кои сакаат да се запишат на природно-техничките факултети.

Моментно, радовишки „Бучим“ е единствениот рудник за бакар и злато во земјава, а неговиот опстанок по 2020 година ќе зависи од отворањето на рудникот „Боров дол“ кој е на територија на Штип и Конче.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Ана Ололовска

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Ана Ололовска

„Бучим“ доби дзовола за експлоатација на новото рудно тело „Боров дол“

Ана Ололовска