(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Од:

„Ја намалуваме старосната граница за пензионирање на рударите. Обезбедуваме услови за квалитетен живот за граѓаните и фер општество за сите. Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои обезбедуваме бенефициран стаж на рударите“, рече пратеничката од СДСМ и коалицијата, Јагода Шахпаска.

„Со овие измени рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени.

Тоа значи дека ако сега рударите се пензионираат со навршени 58 години, со новите измени, ќе се пензионира на околу 50 години.

Им овозможуваме на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

Со овие законски измени се реализира уште едно ветување од Програмата на Владата на СДСМ, но исто така се исправа една голема неправда и се излегува вo пресрет на долгогодишните барања на рударите.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, задоволни работници, фер општество и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Јагода Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите

Горан Наумовски

Бектеши и Ковачевски во РЕК Битола: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза

А1он