Чесите против воведување на еврото

Од:

Процентот на Чесите кои се против воведувањето на еврото во земјата, во последните две години е непроменет и натаму останува голем, јави дописникот на МИА од Прага.

Според последната анкета на Ипсос за Форумот „Златна круна“, 85 проценти од чешките граѓани се против заедничката европска валута, додека во 2013 година против се изјасниле 87 проценти од граѓаните.

Државното раководство, премиерот и претседателот се обидуваат да го испочитуваат најраниот можен датум за влез во Чешка во еврозоната во 2020 година, и покрај тоа што не постои консензус во коалицијата.

Со цел интензивирање на дебатата на оваа тема веќе се закажани средби и разговори со министерот за финансии Андреј Бабиш и гувернерот на Народната банка (ЧНБ) Мирослав Сингер.

Чешка, како и другите земји од ЕУ во договорот за пристапување вети дека ќе го усвои еврото, но досега, Прага не е дел ниту од девизниот курсен систем познат како Европски механизам на европски курс (ЕРМ 2), каде земјите треба да бидат најмалку две години пред воведувањето на заедничката валута.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица