Чешкиот премиер сака да разговара со бугарските власти за ситуацијата со „ЧЕЗ”

Од:

Во врска со најавите дека на чешката енергетска компанија „ЧЕЗ” ќе и се одземе лиценцата за работа во Бугарија, реагираше чешкиот премиер Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.

Нечас изрази надеж дека Бугарија ќе ги почитува меѓународните обврски и закони за заштита на странските инвестиции. Изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов оти „ЧЕЗ” системски ги прекршувала правилата и заслужува да и биде одземена дозволата за работа, за Нечас е нестандардна.

Чешкиот премиер за ситуацијата сака да разговара со раководството на „ЧЕЗ” и очекува од бугарските претставници да ги чуе причините кои довеле до таков неочекуван чекор. Чешкиот министер за индустрија и трговија Мартин Куба, проблемот ќе го отвори и во Европската комисија. Финансиската контрола во бугарската подружница на „ЧЕЗ” открила неправилности при јавните набавки и и била одредена казна од 7.620 евра.

Раководството на „ЧЕЗ” тврди дека ги извршува сите обврски востановени од Регулаторното тело и смета дека со најавите за одземање на лиценцата ,,Бугарија како членка на ЕУ грубо ги прекршува правните норми”.

Проблематиката со цените ја смета за политизирана заради парламентарните избори кои се ближат во Бугарија. Токму јулските парламентарни избори според повеќето чешки аналитичари се главната причина за некомпромисните постапки на бугарската Влада.

 Десетици илјади Бугари со денови протестираат против високите сметки за струја, барајќи оставка на бугарската влада. На „ЧЕЗ” неодамна и беше одземена лиценцата и во Албанија и во арбитражен спор чешката компанија очекува да добие надоместок за загубата која се проценува на 200 милиони евра. Од 2005 година, ,,ЧЕЗ” инвестира во дистрибутивната енергетска мрежа во Романија, Полска, Турција, Словачка и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски