„Чагатај кабло“ отвора нов погон во ТИРЗ „Бунарџик“

Од:

Турската компанија „Чагатај кабло“ ќе отвора нов погон во ТИРЗ „Бунарџик“, а камен-темелникот ќе биде поставен утре. Како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, се работи за дополнителна инвестиција од шест милиони евра и 200 нови вработувања.

– Имаме инвестициски процес во периодот што следи. Нова инвестиција ќе има утре, „Чагатај кабло“ која веќе функционира кај нас, но ќе најават проширување, дополнителна инвестиција од 6 милиони евра. Ќе направат нов погон во кој ќе го прошират својот асортиман, а утре е поставувањето на камен-темелникот, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Даре Џамбаз“.

Мицкоски претходно кажа и дека идната недела, на 16 јули, ќе биде поставен камен-темелникот на ветерниот парк во Штип што треба да го гради „Алказар енерџи“, како и дека по одморите ќе има состанок со раководството на турската компанија „Казанџи груп“ за да се дефинираат приоритетите по потпишувањето на Меморандумот што го објави вчера.

Би можело да ве интересира

Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ

А1он

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски

Експлозија имало во Бунарџик, а пожарот во Пинтија бил од искри поради испади на далековод

Кристијан Ландов