Централниот депозитар ќе ја презентира новата веб страница

Од:

Централниот депозитар на Македонија пушти во употреба нова веб страница, на која на прегледен и едноставен начин ги презентира информациите од работењето.

Како што информираат, веб страницата  www.cdhv.mk, има нова структура на содржините и значајно е збогатена со информации. Воведени се бројни содржини кои ја олеснуваат постапката на подготовка на документација заради соодветни уписи на промени во Депозитарот. За информативни цели на широката јавност, посветено е особено значење на брзо и едноставно изнаоѓање на голем број релевантни информации за издадените хартии од вредност во Република Македонија, како и статистички извештаи.

Имајќи ја предвид законската обврска на Депозитарот на својата веб страница да ги објавува акционерите кои поседуваат повеќе од 5 отсто од определена класа на хартии од вредност на котирани друштва и акционерските друштва со посебни обврски за известување, на главната страна е воведен брз линк до тие податоци.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска