Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август биле повисоки за 1,6 проценти на месечно ниво, а за 3,4 проценти пониски на годишно ниво.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени во август во споредба со јули биле повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,4 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,2 проценти.
Во споредба со август 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,2 проценти, а за 3,2 проценти во секторот Преработувачка индустрија.