Цената на златото на шестгодишен максимум

Од:

Падот на азиските берзи ја зголемија цената на златото на шестгодишен максимум, бидејќи инвеститорите бараат сигурно засолниште за капиталот.

Цената на златото достигна 1.550 долари рано утрово, највисоко ниво од април 2013 година и раст од 20 проценти само оваа година.

Таквиот пораст на цената на златото е резултат на заострувањето на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пад на акциите, обврзниците и цените на суровините.

„Поради сигналот за економски превирања, видовме промена на потезите на инвеститорите кон безбедни средства како златото“, изјави Мадхави Мехта, аналитичар на „Кодак секјуритиз“, додавајќи дека оптимизмот во врска со златото обично расте со пораст на неизвесноста за глобалните пазари на капитал.

Би можело да ве интересира

Цените на златото на историски високо ниво

А1он

Доларот на најниско ниво во последните три години

Цените на златото и швајцарскиот франк постигнуваат рекорди

Голем пад на Волстрит

Сите берзи се во пад

Катерина Ѓуровски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена