Цената на нафтата падна на 40 долари за барел

Од:

Цената на нафтата на меѓународните берзи се намали денес  за два долари по барел откако Министерството за енергетика на САД објави зголемени бројки на производство на нафта во земјата и зголемување на резервите, јавуваат агенциите.

Нафтата од типот Брент денеска се тргувае за 4.46 проценти пониска цена и изнесуваше 40.76 американски долари за барел. Тексашката лесна нафта (ВТИ) стигна до цена пониска за 4.63 проценти или 38.5 долари за барел.

Цените на нафтата се намалија откако енергетските влсти во САД објавија дека земјата го зголемила производството, а нејзините резерви пораснале до 541 милион барели. Уште еден фактор за пониската цена, според експертите, е стравот кај инвеститорите дека евентуален втор бран на пандемијата на коронавирусот би го забавил закрепнувањето на економијата.  

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот