Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска ќе ја посети текстилната фабрика „Голден Текст“ во Кочани.
Целта на посетата, како што соопшти Министерството, е да ги запознае вработените и менаџментот на фабриката со најновите мерки од државата за раст на платите, предвидени со изгласаните измени и дополнувања на Законот за минимална плата.