Царовска и Лукаревска се сретнаа со Организацијата за работодавачи, Кластерот за текстил и ГО

Од:

Вицепремиерката Царовска и директорката на УЈП Лукаревска, денеска се сретнаа со преставници од Организацијата за работодавачи, Кластерот за текстил и граѓанската организација „Гласен текстилец“, којашто работи во заштита на работничките права.

Присутните го искажаа задоволството од иницираната прва средба и најавија дека во иднина редовно ќе се состануваат, со цел преку социјален дијалог да го унапредат производството и продуктивноста, но и да обезбедат подобри услови за работниците.

На состанокот беше истакнато дека ќе се разгледуваат можности за поширока искористеност на поддршката за технолошки развој, како и за обезбедување на квалификувана работна сила.

Сите присутни се согласија дека само преку континуиран и квалитетен социјален дијалог може да постигнат висока продуктивност и конкурентност на компаниите со што ќе се овозможи понатамошно подобрување на работните услови и економски раст и развој.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана