Царовска: Европскиот социјален фонд нуди 70 милиони евра за вработување и мобилност на младите

Од:

Европскиот социјален фонд нуди 70 милиони евра за вработување и мобилност на младото население во државите, а досега Европската Унија во Македонија има дадено повеќе од 8,8 милијарди евра, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешната работна посета на општина Ранковце.

Како што рече, тоа се значителни средства коишто, доколку директно се инвестираат во вработувања, ќе создадат подобри услови.

– Она што Владата го направи е зголемувањето на минималната плата, поддржавме раст на платите до 18.000 денари и продолжуваме понатаму. Затоа сметам дека со гласањето „за“ на референдумот на 30-ти септември заедно можеме да направиме повеќе и младите да останат во нашата држава и да ги донесеме европскиот квалитет и стандарди во нашата држава, додаде Царовска.

При посетата на општина Ранковце, министерката за труд се сретна со градоначалникот Ивица Тошевски, а посети и неколку погони.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски