Бугарија може да започне со размена на електрична енергија со Азербејџан во замена за нови испораки на гас

Од:

Бугарскиот министер за економија, Никола Стојанов, кој е во посета на Баку, соопшти дека за време на разговорите со неговиот домаќин Микаил Џабаров, ја коментирал можноста Бугарија и Азербејџан да започнат размена на електрична енергија за азербејџански гас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во текот на разговорот било обрнато внимание на фактот дека Бугарија е еден од најголемите производители на електрична енергија на Балканот, додека најголемиот дел од електраните во Азербејџан работат целосно на гас. Во случај Бугарија да гарантира количества електрична енергија, Азербејџан може да се ангажира ослободениот обем гас да биде насочен кон Бугарија.

– Тоа е уште една можност за диверзификација на нашата земја, особено на прагот на зимската сезона, коментира Никола Стојанов во Баку.

Стојанов се сретна и со министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, пред кого изјавил дека Бугарија е заинтересирана за зголемување на испораките на гас од Азербејџан по завршувањето на Јужниот гасен коридор. Шахбазов изјавил дека Бугарија е меѓу приоритетните партнери и дека во долгорочен план ќе се направи да се гарантираат дополнителни количини. Стојанов го поканил Шахбазов да ја посети Бугарија во октомври за да ги продолжат разговорите. За Бугарија е важно и да го промовира извозот на бугарски стоки, како и производи од машинство, електротехника, електроника, опрема за прехранбената индустрија.

Двајцата министри разговараа за потребата од обновување на директната линија на летови меѓу Баку и Софија, која пред пандемијата покажуваше многу добри резултати, но беше прекината по СОВИД-19. Транспортното поврзување меѓу Софија и Баку е многу важно, а присуството на азербејџанскиот пазар е важно за Бугарија.

Никола Стојанов беше примен и од министерот за одбранбена индустрија на Азербејџан, Мадат Гулиев, со кого разговараше за продлабочување на партнерството меѓу двете земји и размена на искуства во оваа област. Тие ги коментираа и можностите на одбранбениот сектор на Бугарија и соработката меѓу компаниите од двете земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме