Бруно Ле Мер: Франција во 2020 година треба да ја доживее својата најголема рецесија од 1945 година

Од:

Франција најверојатно во 2020 година ќе ја доживее најлошата година на економска рецесија од крајот на Втората светска војна, оцени во понеделникот министерот за економија Бруно Ле Мер на сослушувањето на Комисијата за економски прашања во Сенатот, јави дописникот на МИА.

-Најлошата бројка за раст што ја имаше Франција од 1945 година, е таа од 2009 година по големата финансиска криза од 2008 година: -2,2 отсто. Ние веројатно ќе бидеме далеку над -2,2 отсто оваа година, рече министерот.

Според предвидувањето растот за оваа година би требало да се намали за -3 отсто, бројка која може да се влоши. Инаку, во моментов 35 отсто од француската економија е запрена со работа, околу 5 милиони работници се на працијална невработеност од вкупно 470 00о претпријатија.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето