Бруно ле Мер: „Ер Франс“ мора да биде добар клиент на „Ербас“

Од:

Финансиската поддршка на француската Влада за „Ер Франс“ доаѓа со очекување дека авиокомпанијата ќе продолжи да купува авиони од „Ербас“. Тоа го изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, јави дописникот на МИА.

Владата во петокоти понуди на авиокомпанијата пакет од седум милијарди евра (7,6 милијарди американски долари) составен од државни банкарски заеми и заеми директно од државата.

– Ако го поддржуваме „Ер Франс“ – не го кријам тоа – „Ер Франс“ мора да продолжи да биде добар клиент на „Ербас “, што исто така е во тешка состојба, рече Ле Мер за телевизијата ЛЦИ.

Тој додаде дека Владата може исто така да го поддржи „Ербас“ „масовно кога тоа ќе биде потребно“.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето