Британската влада, во пресрет на проценката за состојбата на јавните финансии во понеделник, објави дека земјата е „патосирана и шворц“.
Ова го пренесува Ројтерс и додава дека новоизбраната Лабуристичка партија ќе го искористи извештајот за да ги обвини своите претходници за недостигот од 20 милијарди фунти (23,6 милијарди евра).
Избрани да ја предводат шестата по големина светска економија со убедлива изборна победа на 4 јули, лабуристите поминаа голем дел од трите недели на власт објаснувајќи ѝ на јавноста дека ситуацијата е полоша отколку што претходно се мислеше во речиси секоја област на јавната политика.
Министерката за финансии Рејчел Ривс ќе ги претстави резултатите од фискалниот преглед пред парламентот и ќе ја обвини Конзервативната партија, која ја водеше земјата во изминатите 14 години, дека обид да ја добие јавната поддршка, трошела пари на ветувања што не можеле да се финансираат како и дека земјата „останала без пари“.
„Оценката ќе покаже дека Британија е и патосирана и шворц, откривајќи го нередот што популистичките политики го направија со економијата и јавните услуги“, соопшти кабинетот на премиерот Кир Стармер.
Ќе покаже и, се додава, дека претходната влада презела некои финансиски обврски за оваа фискална година без да праша од каде ќе дојдат парите.
Конзервативците ги отфрлаат обвинувањата на лабуристите за „црна дупка“ во јавните финансии како измислен изговор за зголемување на даноците и истакнуваат дека тие не кажале ниту збор за тоа за време на изборната кампања.
И некои економски експерти изразуваат скептицизам и тврдат дека има многу малку изненадувања што лабуристите не можеа да ги предвидат пред да ја преземат власта.
Се очекува Ривс да се согласи на покачувања за наставниците и здравствените работници.
Тој е и под притисок да ги исполни предизборните ветувања и да не ги зголемува даноците на доход, данокот на додадена вредност и корпоративниот данок.