БРИКС формира привремено раководство на својата Нова банка за развој

Од:

Земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) формираат привремен совет на директори на нивната Нова банка за развој, чиј директор ќе биде назначен на следниот самит на организацијта, јави ТАСС.

– Лидерите на земјите од БРИКС им наложиле на своите министри за финансии времено да назначат директор и заменик-директор на Новата банка за развој до следниот самит, кој ќе се одржи во Русија, се наведува во соопштението по средбата на петмината лидери, која се одржа на маргините на самитот на Г20 во Бризбејн.

– Тие објавија дека формираат привремен совет на директори, кој ќе раководи со следната фаза на основањето на Банката, се додава во соопштението.

Банката е наречана Нова банка за развој, а не банка на БРИКС, со цел да се остави простор за други земји, со стопанства кои бележат брз раст, како Турција, Мексико, Индонезија и Нигерија, доколку сакаат подоцна да се приклучат кон неа.

Би можело да ве интересира

Трамп: САД ќе воведат санкции за земјите од БРИКС доколку усвојат сопствена валута

На самитот на БРИКС се договара напуштање на доларот

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Лавров: Аргентина и Иран се на пат да станат членки на БРИКС

Ана Ололовска

Уште две земји сакаат да се приклучат на групата БРИКС

Иран бара членство во БРИКС

Ана Ололовска