Брисел со 8,7 милиони евра помош за отпуштените медиумски работници во Грција

Од:

Европската комисија предложи мобилизација на Европскиот глобализациски фонд за прилагодување (ЕГФ) со цел да им помогне на 1.633 работници прогласени за технолошки вишок во медиумските сектори (издаваштво, програмирање и пренос) во Атика, Грција.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на барање на грчките власти, Еврокомисијата одобри износ од 8,7 милиони евра со кои ќе им помогне на медиумските работници во Грција во нивната транзиција кон нови работни места. Сепак, за оваа сума да и стане достапна на новата грчка Влада предводена од Алексис Ципрас, овој предлог на ЕК треба да биде одобрен и од Европскиот парламент и Советот на министри на Европската унија.

Маријен Тисен, еврокомесар за вработување, социјални работи, вештини и мобилнсот на трудо, истакна дека денешната одлука ќе помогне да се подготват над 1.600 луѓе за нови работни места.

– Грчките работници минуваат низ тежок период и ние мора да ги искористиме сите средства кои ги имаме на располагање за да им помогнеме. Среќна сум што ние можевме да одговориме позитивно на барањето на Грција за мобилизација на Европскиот глобилизациски фонд за прилагодување и поддршка на стечајците, истакна еврокомесарката Тисен.

Грција аплицираше за поддршка од страна на ЕГФ фондот по отпуштањето на 1.633 работници во секторот за медиуми (928 работници во 16 програмски и радиодифузни претпријатија и уште 705 работници во 46 издавачки претпријатија). Овие загуби на работни места беа резултат на глобалната финансиска и економска криза која длабоко влијаеше на грчката економија.

Мерките што се кофинансирани од страна на овој европски фонд треба да им помогнат на отпуштените медиумски работници во Грција да најдат нови работни места преку обезбедување за нив на насоки за активна кариера, стручна обука, конкретни совети кон претприемништвото, придонеси за започнување бизнис и разни додатоци. Сите стечајци се очекува да учествуваат во мерките.

Вкупната проценета цена на пакетот е 14,6 милиони евра, од кои од Европскиот глобилизациски фонд за прилагодување ќе се обезбедат 8,7 милиони евра.

Денешната широкограда помош на Брисел за Грција се оценува како омекнување на новиот премиер Ципрас кој е анти-мерките за штедење што ги бараат ЕУ и меѓународните кредитори од Грција, откако и позајмија повеќе од 300 милијарди евра со цел земјата да не банкротира. Исто така, оваа помош доаѓа еден ден пред посетата на Ципрас на Брисел и средбата со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани