Брендирање на руралните бизниси за задржување на младите

Од:

Да се зголеми бројот на претприемачки бизниси во микро-регионот Свети Николе-Штип преку идентификација на руралните традиционални бизниси со највисок потенцијал и нивно претворање во профитабилни компании, како и намалување на економската стапка на миграција на младите и нивната преселба во поголемите градови во Македонија или заминувањето во странство, се целите на проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“.

Проектот се имплементираше изминатите девет месеци од страна на Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење „Марвел-АДЕЕЛ“, компанијата СИ комуникејшн од Скопје и Општина Св. Николе. Како што беше истакнато на денешната завршна прес-конференција, со спроведените активности директно се влијаеше на невработеноста кај младите како една од најголемите социјални проблеми во руралните области.

Покрај реализираните обуки во делот рекламирање мали, рурални бизниси, е-маркетинг, промоција преку социјалните мрежи, продажни техники и брендирање на традиционални производи, во рамки на проектот е изготвен и веб порталотwww.handmades.com.mk за промоција на традиционалните производи и производители.

– Развојот на руралните традиционални бизниси во претприемнички им овозможи на младите од микро-регионот Свети Николе – Штип подобри и поголеми шанси за наоѓање на вистинската работа и продолжување на својот живот во нивната општина, истакна Благица Л’скова, координатор на проектот и претседател на „Марвел-АДЕЕЛ“.

Според неа, успешната имплементација на проектот докажа дека микро-регионот Свети Николе – Штип има претприемачки потенцијал. Проектот им овозможи на петнаесетина традиционални производители своите рачно изработени производи да ги претстават на многу поширок пазар од локалниот.

– Овој проект е од огромно значење за Општина Свети Николе. Традиционалните производители од светиниколскиот регион конечно добија место каде можат да ги понудат своите рачно изработени производи. Канцеларијата за поддршка на рурални бизниси која како дел од овој проект беше отворена во Општина Свети Николе ќе биде местото каде овие традиционални производители ќе може да се обраќаат за помош, нагласи градоначалникот Зоран Тасев.

Тој изрази уверување дека младите луѓе од овој регион својата егзистенција ќе ја бараат во традиционалните бизниси и ќе придонесат регионот уште повеќе да се развие, а со тоа да се овозможи поголем просперитет на граѓаните.

Проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“ беше поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Програмата за развој на ОН (УНДП) преку програмата за Поддршка на Социјалното претприемништво за млади. Предвидено е негово спроведување и во другите плански региони во Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов