Борисов: Економијата ја одржуваме во живот, 100 милиони евра за помош на средните претпријатија

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави 100 милиони евра за помош на средните претпријатија. Се радувам што покрај кризата во светот, ние ја одржуваме економијата во живот, напиша Борисов на Фејсбук.

„Вкупно 72 милиони лева (околу 36 илјади евра) добија бугарски мали и микро компании за надминување на економските последици од кризата со Ковид-19. Средствата се од оперативната програма „Иновации и конкурентност“. Грантовите изнесуваат од 3.000 до 10.000 лева. (од 1.500 до 5.000 евра). Друг грант од 200 милиони лева (100 милиони евра) допрва ќе се распределува за поддршка на средни претпријатија. Мерката 60/40 продолжува да работи одлично. Околу 200.000 луѓе останаа на работа благодарение на неа. Почна и механизмот за поддршка на секторите за транспорт и туризам со 290 лева за задржување на работното место, како и нова шема за вработување невработени“, пишува Борисов во статусот.

Тој додава дека Бугарија, за разлика од многу други земји, на почетокот на годината не затвори голем број сектори и на тој начин беше зачувана егзистенцијата на илјадници луѓе.

„Ние нема да застанеме тука. Ќе продолжиме да им помагаме на граѓаните и деловните субјекти. Нема да биде лесно, но ќе се справиме со трпеливост, разум и единство“, истакна Борисов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме