Борис Стојменов: Моите синови Емил и Марјан Стојменов ја ограбиле компанијата БС

Од:

Компанијата „БС“ е оштетена за повеќе од 30 милиони евра. „Ограбена“ е од браќата Стојменови, кои се нејзини законски наследници, помогнати од надлежните институции. Но, ова се случило не поради корупција, туку поради непознавање на законите.

Со вакво тврдење на Фејсбук се обрати основачот и сопственик на компанијата, бизнисменот и екс министер за финансии, Борис Стојменов.

„Почитувана јавност!!!

Дали Република Македонија може да работи и функционира како правна држава?

Одговорот на горното прашање го бараме низ фамилијата како основна клетка на државата, затоа што правната држава мора да функционира и во фамилијата.

Како пример ја земам мојата фамилија заедно со синовите и случувањата во неа од аспект на владеењето на правната држава.

Или, конкретно, моите синови Емил и Марјан Стојменов ја ограбиле компанијата БС, чијшто сопственик и основач сум јас со мојата сопруга (покојна), иако компанијата по сите правни норми им припаѓа ним.

Причините за грабежот, според мене, е непознавање на законите кои ја регулираат таа материја (поделба на имотот), како што се Законот за наследување и Законот за трговските друштва. Проблемот ќе се решел ако државата преку своите институции постапила според законите врз основа на кои работат институциите.

Конкретно, во овој грабеж е вмешан Централниот регистар на Република Северна Македонија, бидејќи оваа институција е овластена за оваа проблематика. Централниот регистар, злоупотребувајќи ги своите овластувања, кои произлегуваат од Законот за трговски друштва, погрешно го применила Законот и директно од незнаење го дозволил, дал согласност и го одобрил овој грабеж. Во случајот немало корупција, меѓутоа направена е штета во износ од над 30 милиони евра со неприменување на Законот за трговски друштва, што не го ослободува од одговорност Централниот регистар.

Според наши сознанија има многу такви случаи, особено за домашните фирми, а не за странските фирми.

Управата за јавни приходи учествува во овој грабеж, а причината е незнаење, а не корупција.

На сите учесници во овој грабеж и рушење на правната држава, на нашата мила Македонија, ќе им бидат поднесени соодветни кривични пријави од основна причина да придонесеме да владее правната држава“, пишува Борис Стојменов во објавата на социјалната мрежа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Стојменов вторпат се самоурива кај „Беко“, ќе поднесе ново барање за градба

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Стојменов изгуби, клевета е тврдењето дека Општината му побарала мито од милион евра за да гради кај „Беко“

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино

Маја Илиевска-Пачемска

Обвинителство одлучи да го гони Стојменов за бесправно градење за „Беко“, тој најавува дека судењата ќе откријат афера како „Рекет“

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Борис Стојменов си ја крева дивоградбата кај „Беко“, за уривање сите чекаат на некој друг

Стојменов се скара со инспекторите кои му го затворија градилиштето во Центар

Кристијан Ландов