Обвинителство одлучи да го гони Стојменов за бесправно градење за „Беко“, тој најавува дека судењата ќе откријат афера како „Рекет“

Од:

Основно јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против Борис Стојменов и компанијата „Економско биро“ за бесправно градење на местото на поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје. Кривични пријави до Обвинителство за бесправното градење поднесе Општина Центар во 2020 година и во 2021 година.

dobivaj vesti na viber

„Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата Даме Груев, општина Центар. За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016 година добил одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постојниот објект стоковна куќа ‘Беко’ Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил одобрение од Општина Центар за отстранување на постојниот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2. категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа“, соопшти Обвинителството попладнево.

Бизнисменот Стојменов за „А1он“ изјави дека очекува да биде покренато обвинението против него и најавува дека судскиот процес ќе отвори афера слична на „Рекет“.

„Обвинителството сигурно ќе покрене обвинение. Веќе бев на разговор таму. Ќе се докажуваме на судењата. Ова ќе биде афера слична на ‘Рекет’. Јас јавно ќе изнесам докази за притисокот што ми го прават, сакаат со лаги, чисти лаги да ми го земат одобрението“, изјави за „А1он“ бизнисменот Стојменов, непосредно пред Обвинителството да соопшти дека поднело обвинителен акт против него.

Тој тврди дека одобрението од 2016 за новиот објект на месото на поранешна ТЦЦ „Плаза“, односно „Беко“ е важечко и дека гради според него, а за секој нов чекор во градењето била известена Општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Стојменов изгуби, клевета е тврдењето дека Општината му побарала мито од милион евра за да гради кај „Беко“

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Борис Стојменов си ја крева дивоградбата кај „Беко“, за уривање сите чекаат на некој друг

Стојменов се скара со инспекторите кои му го затворија градилиштето во Центар

Кристијан Ландов