Богов: Македонските банки ги очекуваат спојувања и преземања

Од:

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов најави прегрупирања на македонската банкарска сцена. Тој во интервју за телевизијата 24 Вести вели дека очекува окрупнување на македонскиот банкарски сектор, без да прецизира за кои имиња станува збор.

– Ќе има спојувања и преземања меѓу постоечките банки – изјави Богов, не исклучувајќи ја можноста за појавување и на некое име од надвор, кое како што рече тој, сепак не е од најзвучните светски имиња.

Според Богов многу е поверојатна опцијата за внатрешни окрупнувања на банкарската сцена. Дека банкарскиот сектор во земјава го очекуваат големи поместувања, претходно, практично најави дотогашниот директор на Стопанска Банка Скопје, Глигор Бишев, која е во тројката најголeми македонски банки, заедно со Комерцијална Банка и Тутунска Банка. Бишев, за многумина неочекувано, замина за прв човек на Шпаркасе Банка, поради што сега многумина сметаат дека токму од оваа банка ќе се покренат идните случувања во банкарскиот сектор, кои можат да завршат со спојување, окрупнување или пак преземања на некои од постоечките банки во земјава.

Во Македонија во моментов егзистираат 16 банки, при што за некои медиумите постојано шпекулираа дека се на продажба, но во практиката во последниве две години немаше големи поместувања. Најголем дел од нив се или доминантно со странски капитал, или пак во акционерската структура имаат некоја од меѓународните финансиски институции.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов