Богов: Македонскиот банкарски систем е стабилен

Од:

Македонскиот банкарски систем е стабилен и може без поголеми последици да ги издржи ударите од можната криза во еврозоната, констатира гувернерот на Народната банка Димитар Богов на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Охрид.

На средбата, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, е разговарано за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз Македонија.

Гувернерот Богов го информира претседателот Иванов за преземените мерки и активности на Народната банка, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната.

Двајцата соговорници контатираа дека Народната банка претставува стабилна институција која досега покажала капацитет во постигнување финансиска стабилност и одржување сигурен и стабилен банкарски систем.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво