Богов: Банкарските депозити и натаму ќе растат

Од:

Депозитите во банките во Македонија растат континуирано. Се очекува таквиот тренд да продолжи и во наредниот период со годишна стапка на раст од 10 проценти.

Ова го изјави гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, кој денеска учествуваше на форумот на небанкарски финансиски институции кои прифаќаат јавни депозити организиран од Штедилницата ФУЛМ.

Тој додаде дека според последните податоци растот на депозитите е осум отсто.

– Македонија и во иднина може да задржи годишна стапка на раст на депозитите од 10 отсто, изјави Богов.

Според објавените податоци на НБРМ, годишната стапка на раст на вкупните депозити на крајот на јуни изнесува 8,3 отсто. На квартална основа вкупните депозити бележат раст од 1.153 милиони денари.

Од вкупните депозити, еден отсто се депозити во нефинансиски институции, кои во Македонија работат во моментов само со население и нудат услуги само на физички лица.

Штедилницата ДУЛМ има над 8.000 членови-штедачи со просечен штеден влог од 350 американски долари.

– Основна цел е да обезбедиме подобар пристап до финансиски услуги за секој граѓанин, рече директорката на ФУЛМ Елеонора Згоњанин-Петровиќ.

Таа додаде дека пред се обезбедуваат финансиски услуги на лица кои не можат да обезбедат кредит од банките.

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн порача дека е важно да се има финансиски систем во кој ќе бидат вклучени и традиционалните банки, но и небанарските финансиски инстуции кој е создава здрава конкуренција за стекнување клиенти.

ФУЛМ е невладина организација, која е основач на штедилница, основана во 1995 година од УСАИД преку осумгодишен проект во вредност од 1,4 милиони долари, кој го спроведуваше Светскиот совет на кредитни униии.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици