Бочварски: Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп

Од:

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, и заменик директорот на ЈП за државни патишта, Благојче Трпевски, денеска извршија увид во градежните работи на бушење на тунелот кон Прилеп, на делницата Дреново – Фаришка клисура.

Тунелот е составен од две цевки и тоа тунелот во правецот кон Прилеп со должина од 139 метри и тунелот кон Градско со должина од 159 метри.

Изградбата на овој тунел се очекува да биде завршена за една година.

„Сакам да ги информирам сите граѓани од овој регион дека експресниот пат од Градско до Прилеп и на двете делници се гради со полна пареа. Нема повеќе калкулации.
Денеска со директорот на ЈП за државни патишта се наоѓаме на увид на бушење на тунелот кон Прилеп, еден од најкаректеристичните објекти на оваа траса.
Овде ќе се изградат две тунелски ленти, едната кон Прилеп со должина од 139 метри и другата кон Градско со должина од 159 метри.
Изведувачот е комплетно мобилизиран и на располагање ги има сите потребни ресурси од кадар, работна сила, механизација со опрема и материјали за изведба на тунелите согласно динамиката на изградба.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој исто така потенцираше дека во Министерството за транспорт и врски заклучно со месец октомври има одлична реализација на капиталните инвестиции, што дава оптимизам дека до крајот на годината ќе има висок процент на реализација на капиталните проекти.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека интензивно се работи на експресниот пат Градско – Дреново, кој е поделен во три делници.

„Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. 5 км се со асфалтна платформа од 12,4 m што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 км се со платформа од 17 m што одговара на автопат со намалена ширина. На само десет километри растојание во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор.“ – изјави Рустеми.

Овој е еден од најзначајните патни правци во државата, каде што дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Со неговата реализација значително ќе се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа