Бочварски: Од утре јавен оглас за распределба на 70 социјални станови во Гостивар

Од:

Социјално ранливите семејства од Гостивар од утре ќе може да аплицираат за стан во социјално станбената зграда. Министерството за транспорт и врски го објавува јавниот оглас за распределба на вкупно 70 станови во социјалната зграда во Гостивар, истакана министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Јавниот оглас ќе трае до 4-ти април, а право на аплицирање имаат шест категории на социјално ранливи семејства, утврдени со Методологијата за распределба на овој тип на социјални згради.

„Според критериумите ќе можат да аплицираат, деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница, социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца. Сите документи граѓаните да ги поднесуваат во Центарот за социјални работи овде во Гостивар“, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Покрај оваа зграда, министерот Бочварски истакна дека се подготвува јавен повик за распределба на станови во 3 социјални згради и тоа во Пробиштип, Свети Николе и во Виница.

Директорот на АД за станбен и деловен простор Кристијан Трајковски потенцираше дека се водат интензивни преговори со Банката за реализација на втората фаза од Проектот за изградба за социјални згради и во други општини во државата кој треба да започне веќе следната година.

Би можело да ве интересира

Доделени 45 социјални станови во Неготино

Предраг Петровиќ

Фрчкоски: Социјална зграда вредна 10 милиони евра, СДСМ инвестира во инфраструктура и се грижи за ранливите

Катерина Ѓуровски

Ковачевски им ги предаде клучевите од становите на 28 семејства во социјалната станбена зграда во Гевгелија

Предраг Петровиќ

Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан

Ана Ололовска

Бочварски: Го распишавме јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Свети Николе

Ана Ололовска

Бочварски: Од почетокот на 2023 година ќе распределиме 34 социјални станови во Кочани

Ана Ололовска