Бочварски: Го исплативме првиот трансфер од 117 милиони евра кон ЈПДП за проектот со „Бехтел и Енка“

Од:

Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери, истакнува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

Кон ЈПДП, информира министерот, се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7,254 милијади денари.

-Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на останатите чекори и процедури согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот, вели Бочварски во видео интервју што МИА ќе го објави утре.

Владата ја донесе Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година на седница на 23 март, по што беше објавена во Службен весник. Во Програмата, меѓу останатото, е наведено дека средства во износ од 7.254.000.000 денари (117.000.000 евра) се исплаќаат во две транши и се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: делница 1 (Тетово – Гостивар), делница 2 (Гостивар – Букојчани), делница 3, (Требениште – Струга – Ќафасан) и делница 4 (Прилеп – Битола). Средствата од првата транша која изнесува 5.390.000.000 денари (87.000.000 евра) и од втората транша во износ од 1.864.000.000 денари (30.000.000 евра) се исплаќаат согласно член 14.7 од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

Бочварски: Инвестираме милион евра во нов видео надзор на сите гранични премини за поефикасен транспорт

Горан Наумовски

Бочварски: Подденакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места