Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Од:

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски е убеден дека до 10 јули, туристите и охриѓани ќе може да возат по новата делница Подмолје – Охрид. Во истовреме го искара градоначалникот Кирил Пецаков за реакциите и поплаките кои ги имаше до него поради пренасочувањето на сообраќајот по стариот пат Струга – Охрид.

– Драго ми е што гледаме силна градежна офанзива и правиме притисок до 10-ти, односно пред 10-ти јули да завршат градежните активности па да се премине кон поставување еластични огради и одобрување на времен режим. До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје – Охрид по автопатско решение.

Верувам дека граѓаните ќе имаат разбирање затоа што после завршувањето на изградбата сите ќе возат по автопатско решение. Најголемата поддршка треба да дојде од општина Охрид и од градоначалникот Пецаков кој знае најголемиот проект во градот е направен со пари од министрерството за транспорт и врски.

Тогаш не видов дека му сметаше развојот на градот, а сега реагира што за мене не е правилен начин – рече Бочварски и додаде дека се прават напори автопатот Кичево – Охрид да се заврши до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска