Блажески: Ставревски да престане народот да го користи како жирант на лошата политика на Владата

Од:

„Додека непрашаните жиранти на недомаќинското трошење на Владата, се на улиците и протестираат за одбрана на демократијата ,Владата повторно на крајно недостоен начин продолжува со задолжување и урнисување на економската иднина на сегашните и следните генерации. Политиката на квази економските експерти на Владата чие мото е” Купи ден, помини”, е повеќе од очигледна. По “чистката” на опозицијата во парламентот, секој ден се повеќе Власта несвесно се демаскира, покажувајќи дека единствен мотив за насилството на 24-ти Декемви, се парите и желбата за нивно каприциозно трошење“, реагира ЛДП.

„Само неколку дена по незаконското, срамно донесување на Буџет, Владата на експресено продолжува со расипничкото трошење на средства за еден од најнеекономските проекти, Скопје 2014. Само за десетина дена, вклучително и празниците, се склучија договори кои надминуваат 1,5 милиони евра. За илустрација, веќе на 26 декември оваа Влада од новиот Буџет оддели нови 1,2 милиони евра за непредвидени трошоци за стариот театар. Истото го прави секојдневно, измислувајќи непредвидени трошоци од над 1,5 милиони евра, кои не влегуваат во 14-те милиони предвидени да се одвојат за нови споменици во општина Центар. Сето ова брзање на Владата е со цел што повеќе да се задолжи пред да се распишат изборите“, рече на прес конференција Дејан Блажески, член на Централниот одбор на ЛДП.

Власта, потсети, ја започна годинава со ново задолжување на домашниот пазар од 132 милиони евра, министерството за финансии пред некој ден на неколку аукции издаде тримесечни, шестмесечни и петгодишни државни обврзници. Не смее да се заборави и новото задолжување кај Светска банка и Дојче Банк во вредност од 290 милиони евра, кои се` уште не легнале на државната сметка.

Владата, вели Блажесkи, се фали со отплата на повеќе од 180 милиони евра за достасаната еврообврзница, едно од најскапите задолжувања. Во тој период Македонија имаше шанса за поевтино задолжување кај Меѓународниот Монетарен Фонд, но овој заем претпоставуваше условувања и строга контрола на трошењето на парите, затоа власта одлучи да земе заем со каматна стапка од околу 10 проценти на годишно ниво со само една цел -никој да не ја конторлира каде и како ќе ги троши парите.

ЛДП постојанo го повикуваше екномскиот тим на Владата, да престане да се однесува хазардерски со иднината на оваа земја, но не само што не покажаа слух за нашите додри намери и укажувања, туку напротив, докажаа дека кога станува збор за пари никако не можат да ја зауздаат лакомоста и агресивноста.

ЛДП бара од министерот Ставрески, кој оддамна докажа дека со бројките место на ‘ТИ’ е на ‘ВИЕ’, да престане народот да го користи како жирант на лошата политика на Владата затоа што не само што е погубна за сегашноста, туку е и премногу опасна за иднината.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови