„Благој Ѓорев“ со добивка од 2,6 милиони денари во првиот квартал

Од:

Компанијата за преработка на маслодајни семиња „Благој Ѓорев” АД од Велес, во првиот квартал од оваа година оствари нето добивка од 2,6 милиони денари.

Компанијата која минатата година го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден, во овој период остварила вкупни приходи од продажба во висина од 127,3 милиони денари, од кои најмногу на  домашниот пазар – 118,3 милиони денари.

Во изминатиот период компанијата ги интензивираше напорите за пласман на производите на странски пазари и склучи договор за соработка и со  деловните партнери во Црна Гора, а ќе реализира и поголем извоз во Албанија. Трета година веќе извезува во Босна и Херцеговина. На странските пазари го пласира маслото за јадење Кристал, повеќе видови маргарини, како и други производи од асортиманот на компанијата, соопшти „Благој Ѓорев“.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов