Велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“ најави повисоки откупни цени за сончогледот.
Годинава компанијата ќе го откупува сончогледот од земјоделците по 250 евра за тон, што е повисока цена од онаа што се нуди на светските берзи каде што откупната цена е околу 210 евра за тон.
На овој начин планираат да го стимулираат производството на сончоглед во земјава.
Зголемувањето на откупната цена на сончогледот доаѓа по падот на цената на маслото за јадење што е резулатат на намалување на цените на сончогледот и сировото сончогледово масло на светските берзи.