Бизнисмени од Либан заинтересирани за инвестирање во Македонија

Од:

Бизнисмени од Блискиот Исток ја избраа Македонија како можна земја за реализација на инвестиции во енергетиката, минералните суровини, туризмот, малите и средни претпријатија.

Тие ќе престојуваат два дена во земјава и ќе испитуваат различни дестинации за инвестирање, а денеска имаа средба со министерот за економија Крешник Бектеши. Рекоа дека се тука за да се информираат од прва рака за законодавството и за условите кои ги нудат слободни економски зони.

Како што соопшти Министерството за економија, делегацијата ја предводи Самер Соуфан, претседател на Советот на бизнисмени од Либан, а во неа се претставници од девет големи либански компании.

– Македонија е вистинската дестинација за инвестирање, а либанските инвестиции се добредојдени. Би отвориле ново поглавје во нашата соработка со Либан и Блискиот Исток, рече Бектеши кој на средбата ја информира либанската делегација за можностите за инвестирање во Македонија.

Предочи и дека со реформите кои ги презема Владата се создава уште поповолна бизнис клима.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан