Битиќи: Вештачкото покачување на цените е координиран договор помеѓу трговците

Од:

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.

„Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме“, посочи вицепремиерот Битиќи.

Донесувањето на Законот за нефер трговски практики е решение за овие проблеми на пазарот, смета вицепремиерот.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Горан Наумовски

Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити, вели Мицкоски

СДСМ: Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Одредени трговци си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, вели Мицкоски

СДСМ: Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните