Битиќи: Субвенцијата во сметките за струја е 84 отсто

Од:

Цената на електричната енергија на регулираниот пазар во овој момент е субвенционирана со 84 отсто и субвенционирањето ќе продолжи до носењето на следната одука за цената при крај на јуни годинава, прецизира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Електричната енергија со последната одлука за цената со која ЕСМ ја даде кон ЕВН и количината на електрична енергија која треба да ја испорача е субвенционирана. Процентот на субвенционирање зависи од крајната производна цена на ЕСМ. Во овој момент изнесува 84 отсто, рече Битиќи во одговор на прашање при денешната посета на индустриската зона Речица во Куманово каде почнаа подготовките за изградба на логистички центар на германската компанија „Лидл“.

Пресметката, која, како што кажа, што ја гледаме во овој момент во сметките за струја не е реална и е даден само моделот како би изгледало субвенционирањето.

-ЕВН Хоум би требало да ја смени табелата на сметката која служи за илустрација. Ако не знаат тоа да го направат ќе им го направам јас. Треба да се смени процентот за да им се укаже на граѓаните колку е реалната субвенционирана електрична енергија. Тоа што беше 91 сега е 84 отсто затоа што производната цена од ЕСМ е намалена од претходно затоа што не е само таа цената која влегува во параметрите за крајната цена што ја плаќаат потрошувачите, посочи Битиќи.

Прашан дали сите три компании ги исполнуваат условите на повикот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија, Битиќи рече дека комисијата за евалуација се уште работи.

-Заради фактот дека комисијата работи и се уште нема конечен извештај не можам да кажам што се случува затоа што тоа е одговорност на комисијата. Не би сакал воопшто ни да прашам, ниту да знаеме детали од работата на комисијата затоа што тоа е веќе влегување во надлежност на комисијата која што има мандат за да ги определи сите критериуми, евалуацијата на постигнатите понуди. Кога ќе завршат со работа ќе го имаме извештајот и тоа ќе биде објавено, потенцира Битиќи.

За наводите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за злоупотреби во ТЕЦ Неготино рече дека се уште не стигнале до неговиот кабинет.

-За наводите на ДКСК за евентуални злоупотреби не сме повикани ние како Влада, има други органи кои треба да преземат мерки. Во однос на нивната препорака ќе го консултираме државниот правобранител дали треба и каква постапка може да се покрене. Секако ако интересот на државата е доведен во прашање ќе се покрене постапка, како што сме правеле и претходно. Јас ја видов последната емисија во која што се алудира на одредени работи, во суштина еден од аргументите којшто таму беше кажан е не можноста на испорака на количините на мазут на ОКТА кој е употребен во арбитражните постапки од страна на Владата за да се добие спорот онака како што е добиен во последните арбитражни спорови. Нашите експерти и адвокатската куќа која што ја застапуваше државата веќе го има употребено тој документ во полза на државата за разлика од некои времиња во коишто претходните влади не успеале да го докажат тоа, прецизира Битиќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Битиќи за ангажманот за германската БМЗ груп

Горан Наумовски