Битиќи: Одлуката да биде покриено боледувањето од Ковид-19 важи за сите

Од:

Одлуката да биде целосно покриено боледувањето на оние кои се болни од Ковид-19 важи и за јавната администрација и за приватниот сектор, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, појаснувајќи ја владината одлука.

– Кога велиме дека ќе користат боледување и дека 100 процентно ќе биде покриено тоа значи дека Фондот го презема товарот. Значи, остануваат законските одредби – 15 дена работодавачот, после тоа, законската обврска ја презема Фондот, појасни Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан во Старата Скопска Чаршија.

Прашан дали ќе има кратење на примањата на вработените во јавната администрација поради тоа што таа работи онлајн, вицепремиерот Битиќи рече дека има ротации во работењето на администрацијата, но оти тоа не значи дека тие вработени не се на работа, туку дека работат и од дома онлајн.

– Мислам дека треба полека да го менуваме односот кон адмиистрацијата. Не треба да се однесуваме дискриминирачки кон нив. Тоа се наши сограѓани и тие не се имуни на Ковид-19 за да кажеме дека одредено право не важи за нив. Точно е дека има ротација, но и тогаш, тие работат од дома, нагласи Битиќи.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата