Битиќи на работен состанок со МАТТО: Мерките од четвртиот сет се креираат во координација со сите засегнати страни

Од:

Економската соработката со Република Турција е на високо ниво, а како резултат на оваа соработка, компаниите од Турција се помеѓу најбројните странски инвеститори во Северна Македонија и најголемиот дел на компании со турски капитал работат со успех во нашата земја, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на средбата со Македонско-турската стопанска комора МАТТО, на која присуствуваше и претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.

На средбата што вчеравечер се одржа во рамките на серијата на средби со стопанските комори, граѓански организации и странски партнери, а во насока на креирање квалитетни мерки кои ќе одговорат на потребите на бизнис секторот, работниците и граѓаните, информираат од кабинетот на Битиќи, вицепремиерот посочи дека надминувањето на социо-економската криза е врвен приоритет на почетокот на мандатот на Владата и во таа насока се подготвува четврт сет на мерки за поддршка на стопанството, работниците и граѓаните.

Тој додаде дека Владата покажа отвореност и желба за соработка со сите чинители, во насока на креирање на што е можно поефикасни и поефективни мерки, за враќањето на економијата во нормала. Во таа насока и мерките од четвртиот сет се креираат во координација со сите засегнати страни.

Претседателот на МАТТО, Адемовски изрази поддршка и отвореност за соработка. На средбата двете страни разговараат за предизвиците и можните решенија за излез од кризата како и можностите за понатамошен развој на стопанството, за зголемување на конкурентноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов