Битиќи-Дукс: Економската соработка се развива во позитивна насока

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, со кого разговараше за актуелните состојби поврзани со мерките за поддршка на економијата во услови на пандемија, како и за економската соработка и поддршката што Унгарија и ја дава на земјава во процесот на пристапување кон ЕУ.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, се согласиле дека економската соработка се развива во позитивна насока и оти само за неколку години Унгарија станала 9-ти трговски партнер, искачувајќи се од 27-то место.

Битиќи и Дукс разговарале и за можноста за унапредување на соработката за што вицепремиерот посочи дека во земјата ќе се реализираат голем број крупни проекти за развој на железничката и патната инфраструктура, енергетиката и за заштита на животната средина и управување со водни ресурси, за кои постои искуство и знаење кај унгарските компании.

Битиќи нагласил дека соработката со земјите членки на ЕУ, останува врвен приоритет на Владата и додал дека се надева на поддршка од Унгарија во процесот на преговори и пристапување кон ЕУ. Според Битиќи, треба да се искористат унгарските искуства во процесот на привлекување на фондови за развојни проекти во земјава.

Амбасадорот Дукс го реафирмирал ставот дека Северна Македонија може да очекува помош и поддршка од Унгарија во пристапниот процес, а заедно со вицепремиерот Битиќи се заложиле да продолжат со интензивна комуникација во насока на унапредување на меѓудржавната економска соработка и поефикасното интегрирање на земјава во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов