Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Од:

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” на конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС).

„Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД. Главната цел е да станеме интегриран дел од паневропскиот пазар. Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции. Со овој процес за пазарна интеграција нашите компании ќе имаат можност да учествуваат на пазарите во соседните земји.“ посочи Бислимоски.

РKE и со Законот за енергетика кој е на сила и во кој е имплементиран третиот енергетски пакет како новина воведе надзор на пазарите на електрична енергија и природен гас.

„Ние имаме развиено мониторинг платформа во која се агрегираат податоците од сите учесници на пазарот и доколку утврдиме непазарно однесување може да започнеме соодветни постапки пред судовите. Не – фер пазарно однесување ќе се казнува со дел од приходот.” објасни Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Божиновска и Бислимоски по блек-аутот во Шпанија и Португалија: Преземаме мерки за да се избегне вакво сценарио

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри