Бислимовски: ЕУ треба да има мотивирачки пристап кон земјите кои си ја имаат напишано домашната задача

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и претседател на Бордот на регулатори на земјите членки од Енергетската заедница Марко Бислимоски учествуваше на 28 Форум за електрична енергија на Енергетска заедница што се одржува во Атина, Грција. На панелот посветен за мерките кои треба да следуваат по енергетската криза и како да се намали побарувачката за електрична енергија претседателот Бислимоски посочи дека Европската Унија треба да оддели позначајна сума на финансиска помош за земјава, затоа што се имплементирани сите таргети од третиот енергетски пакет.

„ЕУ треба да има мотивирачки пристап кон земјите кои си ја имаат напишано домашната задача. Ние како земја ги имплементиравме бараните реформи во енергетиката и го спроведовме пакетот на директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет и затоа треба да добиеме поголема финансиска стимулација која ќе се насочи кон инвестиции кои пак ќе донесат стабилна цена на струјата.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот Бислимоски ги претстави и придобивките од воведувањето на реформата на тарифниот систем – блок тарифите, што резултираше со рационално користење на електрична енергија и заштеда од 16 % кај домаќинствата. Бислимоски посочи дека граѓаните беа партнери во борбата со енергетската криза, што влијаеше и цената на струјата и парното да останат стабилни. Домаќинствата возвратија со рационалното користење на енергенси во време на енергетска криза водејќи се од принципот кој се промовираше со воведувањето на блок тарифите – оние кои што трошат помалку, плаќаа и помалку.

Би можело да ве интересира

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

Бислимоски: Цената на струјата за домаќинствата ќе ја кажува универзалниот снабдувач – ЕВН хоум

Горан Наумовски

Бислимоски: Дневната евтина тарифа ќе стартува од декември во период од 13 до 15 часот

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Ако го немаме ТЕ-ТО на мрежа ќе ни се случи ценовна катастрофа

Предлогот Бислимоски да биде уште еден мандат на чело на Регулаторна на пленарна седница

РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW

А1он